Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот на Куманово Урош Луковиќ е на излезните врати од клубот и по четири сезони во поминати во Куманово веќе сигурно го напушта клубот.
Од клубот потврдија дека тој веќе неколку дена не присуствува на тренинзите на КК Куманово, а како негова следна дестинација се споменува МЗТ Скопје.
Негова замена ќе биде центарот Ненад Мишановиќ. Тој игра на позицијата центар и е висок 217 сантиметри. Во својата богата кариера, Мишановиќ играл за Хемофарм, Црвена Звезда, Динамо Москва, Будуќност а последната сезона настапувал за Полската екипа Терфил Сопот.
Освен Мишановиќ, клубот е засилен и со Никола Караколев, кој минатата сезона настапуваше за екипта на Гоце Делчев Штип.
Куманово следниот натпревар го игра во среда против екипата на МЗТ Скопје.