×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешен спортски викенд за повеќето кумановски екипи, поразени само „Куманово 2009“

    06.11.2023 17:24 | Оливера Пешевска

    Спортските клубови од Куманово имаа успешен и победнички викенд на сите полиња, а единствено пораз претрпе Кошаркарскиот клуб „Куманово 2009“. 

    Успешен спортски викенд за повеќето кумановски екипи, поразени само „Куманово 2009“

     Младински кошаркарски клуб Куманово, има максимален учинок и 5 победи од исто толку натпревари. Во дерби на колото го совладаа Водно Санс со убедливи 82:63 поени. КК Куманово 2009 на домашен терен беше убедливо совладан од тимот на Шкупи со конечен резултат 101:56. Поранешниот прволигаш како да немаше никакви шанси покрај гостинската екипа.  На официјалната табела на федерацијата МКК Куманово е прв, а КК Куманово последнопласирана екипа.

    Со тесен резултат и еден гол разлика второпласираната екипа на Женскиот ракометен клуб Куманово ги совладаа третопласираните Вардар со резултат од 25:24. Но,бројките не ја отсликуваат вистинската слика на теренот, кумановки во текот на целиот натпревар беа доминатни, a со последниот успех се враќаат во игарата за титула во првенството. Голем хендикеп е повредата на Нена Несторовска, засилувањето кое дојде во клубот на почетокот на сезоната, но за сега тимот успешно ги совладува препреките. Во следното коло ЖРК Куманово ќе игра против екипата на Чаир.

     Градскиот фудбалски клуб Куманово беше домаќин на екипата на Ринија,а натпреварот заврши со резултат 3:2 за домаќините. Резултатот беше отворен дури во второто полувреме со гол на гостите, по што кумановци со офанзивна играа успеаја да направат пресврт и да поведат со 2:1. По израмнувањето на резултатот, за ГФК Куманово беше досуден заслужен пенал за заокружување на конечниот резултат. Стрелци за локалниот тим беа Христијан Димов и Иван Мицевски.

    Машкиот ракометен клуб Куманово не играше викендов поради репрезентативната пауза во колото,а Женскиот кошаркарски клуб одложениот натпревар против Бадел 1862 ќе го игра во Скопје,во четврток на 9 ноември со почеток во 20 часот.