Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на „Ронин Доџо“ изминатиот викенд успешно заврши и третиот семинар по бразилска џиу џица во Куманово.
Ова беше еден од најуспешните и најдобрите семинари на кои имам јас присуствувано. Сите учесници се стекнаа со одлични искуства, добија диплома за учество а најдобрите добија и лента на својот појас. Мислам дека оваа вештина добива на популарност во нашиот град - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот.
Стефановски изјави дека од клубот се припремаат за учество на меѓународен натпревар по џиу џицу во Белград, а потоа следи турнир во Охрид по ММА. Минатиот турнир тимот забележа успех, и троица натпреварувачи донесоа два медала.
Сакам да упатам спецјална понуда до читателите на вашиот сајт. Првите двајца читатели кои ќе се јават на 077/705-039 и ќе напоменат дека ја имаат прочитано промоцијата, ќе можат да тренираат еден месец бесплатно, а останатите ќе добијат 50% пропуст во првиот месец - додаде Стефановски.