Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во салата Јане Сандански, утре во 17 часот започнуваат натпреварите од Купот на Македонија.
Домаќинот на турнирот МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува екипата на Кожув во отварањето на завршниот турнир. Овој натпревар ќе започне во 17 часот, а победникот ќе се пласира во финале.
Вториот натпревар е оној кој нас би требало да ни биде поинтересен, бидејки екипата на Куманово ќе има тешка задача да го победи тимот на Работнички. Овој натпревар ќе започне во 20:30 часот, а влезот во салата Јане Сандански ќе чини 150 денари.
Куманово и Работнички се сретнаа оваа сезона каде што скопскиот тим извојуваше победа со 69-60.
На овој натпревар треба да дебитира и новото засилување на Куманово, Димитар Караџовски.