×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре започнува новата кошаркарска сезона

    10.10.2014 13:01 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово ги одработуваат последните подготовки пред \nпочетокот на новата кошаркарска сезона. Своето деби оваа сезона ќе го \nимаат во недела, против тимот на Струмица на гостински терен.

    Утре започнува новата кошаркарска сезона

    По одкажувањето на Т-баскет од Тетово, оваа година лигата ќе брои девет учесника.

    Тимот на Куманово, оваа лето доживеја речиси целосна трансформација, и оваа структура ќе се обиде успехот да го бара преку афирмација на млади играчи. KumanovoNews присуствуваше на тренигот на КК Куманово и тренерот Михајловски истакна дека е задоволен од текот на подготовките.

    Овој тим е комплетен речиси 40 дена. Одигравме 9 припремни натпревари и можам да кажам дека постигнавме се што беше планирано до сега. Играчите имаат одличен однос на тренинзите и овој тим напредува и е во наптреварувачка форма. Кумановци не гледаа на турнирот меѓутоа тој дојде во малку лошо време за нас. Има напредок во однос на игрите на турнирот, меѓутоа не чека и многу работа - изјави Игор Михајловски, тренер на КК Куманово.

    Минатата недела три кошаркари на Куманово имале ситни повреди и биле надвор од тренажен процес. Оваа недела Радоје Вујешевиќ има ситна повреда на коленото и тренира со намален интезитет.

    Игор Михајловски потврди дека Брајан Оливер е исклучен од тимот, поради кршење на правилникот на КК Куманово.

    Оливер имаше лош период на адаптација на европската кошарка, меѓутоа тоа не беше пресудно кога му се врачи отказот. Неговото однесување надвор од теренот ги прекрши кодексот на однесување на КК Куманово и поради тоа не е веќе во нашата екипа. Саша Аврамовиќ доаѓа на негово место. Се работи за одличен играч, кој за две недели успеја да се вклопи во тимот. - рече Михајловски

    Шефот на стручниот штаб уште еднаш потенцираше дека овој тим на Куманово не е тим што ќе донесе резултат преку ноќ, туку ќе се работи на одржување на континуитетот на КК Куманово на подолги патеки.

    Без разлика дали играчите следната година ќе бидат исти, дали тренерот ќе биде ист, ова е филозофија на нова управа на КК Куманово. Георди Егоров е донесен со таа цел. Се работи за играч роден 1994 година, и со таа возраст има квалитет за во 12 најдобри во Куманово. Тој нема да ја има функцијата „петти странец“ како засилување, туку како перспектива во тимот. Сега веројатно читателите ќе постават прашање што со младите кумановци во тимот, меѓутоа веднаш ќе кажам дека Егоров нема да го загрози нивното место во тимот, дека се обрнува внимание и на младите кошаркари кои можат да влезат во тимот. Политиката на што повеќе домашни играчи сеуште е на сила и не е напуштена, и сеуште стојам на тоа што го изјавив минатиот месец во интервјуто за вашиот сајт - додава Михајловски.

    Влезот во Супер лига е главна цел за Куманово, а пласман во Плеј-оф е амбиција во сенка и би бил огромен успех. Настапот во БИБЛ ќе се искористи како воигрување на тимот и продолжување на учество на меѓународни натпреварувања. Првиот натпревар во БИБЛ го играат веќе во среда, против тимот на Пеќ.