Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалерот на Арсенал, Робин Ван Перси синоќа беше избран најдобар играч во Премиер лигата.
Тој постигна 27 гола на три кола до крајот на првенството, и стана петти играч на Арсенал кој ја освоил оваа награда.
„Ова е специјална награда за мене и уште повеќе вреди кога ми ја доделуваат играчите во лигата. Посебна е затоа што секоја недела играм против различни екипи и секој фудбалер сака да ја освои“, истакна Ван Перси, кој дополни дека без соиграчите немаше да го оствари ова.
За најдобар млад играч беше прогласен Кајл Вокер од Тотенхем.
Најдобриот тим во Англија го сочинуваат:
Харт (Манчестер Сити), Вокер (Тотенхем), Колочини (Њукасл), Компани (Манчестер Сити), Бејнс (Евертон), Силва (Манчестер Сити), Паркер (Тотенхем), Јаја Туре (Манчестер Сити), Бејл (Тотенхем), Ван Перси (Арсенал) и Руни (Манчестер Јунајтед).