Вардар декласиран во Куманово
12.10.2015 10:16
| KumanovoNews
Пионерските ракометарки на Куманово беа поуспешни од своите врснички од тимот на Вардар, победувајки со резултат 24:13.

Кумановчанки имаа водство во текот на целиот натпревар, па победникот беше познат уште во првото полувреме кое заврши со резултат 11:4. Младите ракометарки на Вардар не успејаа да направат изненадување во вториот дел од натпреварот, па мечот заврши со убедлива победа на Куманово со резултат 24:13.
Мила Трајковиќ беше убедливо најдобар поединец на натпреварот со 13 гола.
Следниот натпревар пионерките на ЖРК Куманово ќе го играат против тимот на Текстилец во Штип.