Вардар поразен од Металург
25.09.2014 10:46
| KumanovoNews
Втората екипа на ЖРК Вардар беше поразена од екипата на Металург со резултат 20:14.

Премиерниот натпревар од Супер Лигата во сезоната 2014/15 заврши со победа на Металург кои само на почетокот на натпреварот имаа негатива во резултатот.
Во втората половина од натпреварот екипата на Вардар имаше подобра игра но успеја само да ја намали негативата и стигнаа до минус два гола.
Во текот на целиот натпревар подмладената екипа на Металург го диктираше темпото на играта и имаше контрола на резултатот.
Најефикасна во составо на Вардар беше Керамичиева со постигнати 10 гола, додека кај Металург, Ристовска постигна шест гола.