„Вело М„ се закити со две титули
26.06.2012 07:51
| KumanovoNews
На стазата во Дебарца, струшко на државен натпревар по друмски велосипедизам, велосипедистите од кумановскиот клуб „Вело-М„ освоија значајни резултати.

Стефан Петровски во категоријата сениори е прогласен за државен првак на Македонија, Ивица Давидовски е вицешампион, а Зоран Ристовски е на четврто место. Никола Ѓукуќ во јуниорска категорија ја освои истата титула по втор пат. Дејан Џингарски во мастер категоријата освои трето место. Изаим Бајрами се пласираше на четврто место.
„Вело М„ Куманово се покажа како најдобра екипа според освоените бодови. Овие велосипедисти ќе учествуваат и на трката “11 Октомври“ во Куманово.