Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедистите на Вело-М, покажаа извонредни резултати на трката Црн Дрим што го организираше велосипедскиот клуб Еко-Дром од Охрид и Велосипедската Федерација на Македонија.
Во силна сениорска конкуренција победник е Стефан Петровски, а на третото место се пласира Зоран Ристовски. Во јуниорската категорија Никола Ѓукиќ го освои првото место, а во кадетската категорија велосипедистот Денис Колевски се пласираше на третото место.
Натпреварот се одвиваше на релација Охрид – Струга – Дебар и назад, во должина од 130 км за сениори и јуниори, а за местер и кадети Дебар -Охрид 65 километри.
Со овој резултат велосипедистите на Куманово ја потврдија доминацијата во Македонија, а клубот успеа да собере најмногу поени, со што го зацврстува првото место на Ранг-листата во Македонија.
Наредниот месец најдобриот велосипедист на Македонија, Стефан Петровски заминува на меѓународната велосипедска трка за Europ-Tour во Добрич, Бугарија.