Венгер го продолжи договорот со Жиру
30.09.2014 09:13
| KumanovoNews
Арсен Венгер го продолжи договорот со Оливие Жиру на уште две години.

Францускиот стручњак верува во способностите на неговиот сонародник, и сега договорот на Жиру истекува во 2018 година.
Жиру пристигна во Арсенал во 2012 година, од Монпеље, а во првите две сезони постигна 41 гол.
Интересен е фактот дека договорот е продолжен на роденденот на Жиру.
Французинот се здоби со повреда на почетоткот на сезоната и веројатно дека нема да игра до крајот на оваа година.