Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првиот ден од третиот Гренд Слем сезонава беше фатален за петкратната победничка на Вимблдон, Венус Вилијамс, која во два сета со 6:1 и 6:3 загуби од Русинката, Елена Веснина.
Настапот во Лондон уште во првата рунда заврши и за 16-тата носителка, Флавија Пенета, која беше елиминирана од Камила Џорџи. Во останатите мечеви фаворитките без проблем обезбедија пласман во втората рунда.
Агњешка Радванска беше подобра од Магадалена Рибарокова, минатогодишната полуфиналистка, Сабине Лисицки ја елиминираше Петра Мартиќ, На Ли славеше во дуелот против Ксенија Первак додека петтата фаворитка Саманта Стосур ја елиминираше Суарез Наваро. Пласман во второто коло обезбеди и Марија Шарапова по победата над Анастасија Родионова.
Кај мажите досега немаше изненадување, бранителот на трофејот, Новак Ѓоковиќ во три сета го совлада Хуан Карлос Фереро, Фернандо Вердаско беше поуспешен од Ванг, а Јанко Типсаревиќ го елиминираше Давид Налбандијан. Пласман во второто коло обезбедија уште Михаил Јужни, Ришар Гаске и Жилиен Бенето.