Видовденски турнир во мал фудбал
21.06.2011 09:46
| KumanovoNews
Во состав на активностите по повод српскиот празник „Видовден“, Српската заедница во Македонија регионален одбор куманово, традиционално по десетти пат организира турнир во мал фудбал „Видовденски турнир“, кој се одржува во спортскиот комплекс Соколана.

Од 18 до 28 јуни, на турнирот ќе земат учество 16 екипи кое се поделени во четири групи. Турнирот свечено го отвори и на присутните им се обрати председателот на регионалниот одбор Горан Зафировиќ. Натпреварите се играат секој ден од 18 часот до 22 часот.