Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владимир Филиповиќ е нов кошаркар на екипата на Куманово. Тој го напушти тимот на Карпош Соколи, и сезоната ќе ја доигра во Куманово.
Филиповиќ е долго време на македонската кошаркарска сцена. Предходно има настапувано за екипите на Овче Поле, Работнички, Лирија, Кожув, а својата кариера ја започнал во тимот Здравје од Лесковац.
Се работи за искусен играч кој ќе му помогне на тимот за исполнување на зацртаните цели. - изјавија од клубот.
Тој е висок 196 центиметри и игра на позицијата шутер. Оваа сезона во Кожув постигнуваше просечно 7 поени 2 скока и 2 асистенции за 25 минути пројдени на паркетот.
Георги Егоров не е веќе кошаркар на Куманово, одкако му истече договорот на половина од сезоната.