Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ Куманово, утре во 13 часот ќе се одржи спортска манифестација насловена како „Забавна кошарка“.
На манифестацијата ќе учествуваат ученици од шесто, седмо, осмо и девето одделение, како и од средните училишта.
„Децата ќе се натпреваруваат на полигон со кошаркарски елементи и моторички задачи, т.е шут за два и три поени. До крајот на школската година се планирани уште вакви манифестации“, вели Мартин Атанасовски, координатор на младите во КК Куманово.
На крајот на годината ќе биде прогласено најкошаркарско основно и средно училиште. Ова е прва манифестација од ваков формат во организација на КК Куманово, а Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово е коорганизатор.