Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера во Спортската сала во Куманово, беше отворен петтиот кошаркарски турнир „Растеме заедно“.
Добредојдовте на петтото издание на меѓународниот кошаркарски турнир „Растеме заедно“, во организација на КК Пинк Пантери. Ја користам оваа прилика да упатам голема благодарност до сите клубови кои учествуваа на овој турнир, и на тој начин допринесоа тој навистина да биде атрактивен и квалитетен. На играчите им посакувам добра игра, забава и многу нови пријателства. Да уживаме и ние заедно со нив - изјави директорот на клубот Бојан Златковски.
Турнирот го отвори Драган Василов-Цевка, претседател на здружението на тренери при МКФ.
Можам само да испратам пофалби до КК Пинк Пантери за ваквата организација. Ги поздравувам сите присутни на отворањето на овој турнир. За играчите ова ќе биде одлична размена на искуства, одлично дружење и им посакувам да ги одминат повредите - изјави Василов.
После отворањето се одигра ревијален натпревар помеѓу тимот на Пинк Пантери и КК Црвена Звезда од Белград.
Турнирот ќе трае до недела.