Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со натпреварот помеѓу Хрватска - Филипините, Украина - Доминиканската Република, односно Ангола - Ј.Кореја започнува Светското првенство во Шпанија.
Екипата на САД која го брани трофејот и Шпанија, домаќинот на турнирот се најголемите фаворити за освојување на златниот медал, кое ќе трае до 14.септември.
Мадрид, Барселона, Билбао, Севилја, Лас Палмас и Гранада се местата каде што 24 репрезентации ќе ги одиграат своите натпревари.
Колку ќе биде силен овој турнир покажува и фактот дека тука ќе учествуваат 45 активни НБА играчи, а може да се земе фактот дека има дури 92 драфтувани кошаркари во најсилната кошаркарска лига во светот.
Репрезентациите се поделени во 4 групи, а во втората фаза најдобрите 4 репрезентации од групите „А и Б“ односно „Ц и Д“, ќе се спојат меѓусебно. Потоа репрезентациите влегуваат во четврт-финале, полу-финале и најдобрите ќе се борат за Златен медал.
ГРУПА А (ГРАНАДА): ШПАНИЈА, СРБИЈА, ФРАНЦИЈА, БРАЗИЛ, ЕГИПЕТ, ИРАН
ГРУПА Б (СЕВИЛЈА): ФИЛИПИНИ, СЕНЕГАЛ, ПОРТОРИКО, АРГЕНТИНА, ГРЦИЈА, ХРВАТСКА
ГРУПА Ц (БАРАКАЛДО/ВИТОРИЈА): ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА, ТУРЦИЈА, САД, ФИНСКА, НОВ ЗЕЛАНД, УКРАИНА
ГРУПА Д (ЛАС ПАЛМАС): СЛОВЕНИЈА, ЛИТВАНИЈА, АНГОЛА, ЈУЖНА КОРЕЈА, МЕКСИКО, АВСТРАЛИЈА.