Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Михајловски продолжува со настапот во Втората кошаркарска лига овој викенд.
Минатогодишниот прволигаш, екипата на Пелистер е првиот противник на Куманово во вториот дел од сезоната. Во првиот натпревар, Михајловски на домашен терен победија со резултат 59-54.
Пред патувањето во Битола се соочуваме со здравствени и кадровски проблеми во екипата. 2 играчи од првата петорка ни се повредени а плејмејкерот од Скопје моравме да го одпуштиме поради лошата финансиска ситуација - изјави тренерот на екипата Саша Дејановиќ.
Сепак, и покрај овие проблеми тој верува во својата екипа и очекува солиден настап до крајот на сезоната.
Очекувам да ги повториме добрите игри како во првиот дел од сезоната. Верувам во оваа екипа и мислам дека ќе можеме да ја оствариме зацртаната цел, опстанок во Втората кошаркарска лига - додаде Дејановиќ.