Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија во последниот натпревар од ФИБА Европкуп од Полскиот претставник Роса Радом со резутлат 73-89.
Натпреварот немаше никакво значење и неговото одигрување беше чиста формалност. Тимот од Радом воспостави предност уште во првата четвртина која ја чуваше се до крајот на натпреварот.
Желбата за докажување постоеше меѓу играчите и видовме неколку интересни моменти каде што кошаркарите ги покажаа своите индивидуални квалитети. Куманово по овој натпревар останува да се фокусира на домашното првенство и Купот на Македонија, а пред тоа најпрвин би требало да ги реши кадровските проблеми во тимот.
Александар Костовски постигна 19 поени во поразот на Куманово. За Роса Радом, Микал Соколовски 19 поени и 7 скока.
Куманово со една победа и пет пораза ја завршува Европската приказна. Следниот натпревар го играат на гостински терен против МЗТ Скопје.