Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово ја забележаа втората победа во низа, одкако ја декласираа екипата на Овче Поле на гостински терен.
Првото полувреме беше целосно неизвесно, а првата предност кумановчанки ја имаа пред крајот на полувремето, при резултат 7-9.
Веќе во второто полувреме Куманово покажа дека е поквалитетна екипа, константно зголемувајки ја предноста и ги однесоа сите три бода од Свети Николе.
Конечен резултат на мечот беше 15:24.
Моника Паневска и Викторија Пеовска беа најуспешни ракометарки во тимот на Куманово постигнувајки по шест гола. Куманово заедно со Металург ја дели првата позиција со по шест бода.
Пионерките на Куманово имаа свој одличен натпревар изминатиот викенд. Тие успејаа во Делчево да извојуваат победа со резултат 14:18. Трајковиќ постигна 10 гола, Диневска придодаде 3, Антевка 2 и Живковска и Кипријановска по еден гола во победата против тимот на Делчево.
Сениорскиот и пионерскиот состав на Куманово, следниот натпревар го играат за две недели против Вардар Јуниор.