06. 12. 2019 12:33

ЖРК Куманово го пречекува Спартак

ЖРК Куманово го пречекува Спартак

Ракометарките на Куманово, во недела во 17 часот на домашен терен, во рамките на дванаесетото коло од Првата женска лига, ќе играат против екипата на Спартак.

На единаесетото коло од натпреварувањето ЖРК Куманово забележе убедлива победа против екипата на Алушовски со резултат 52:21.

Досега кумановските ракометарки од единаесет одиграни кола немаат забележано пораз, со што не само што се први на табелата туку се и фаворити за победата и освојување на трофејот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk