ЖРК Куманово гостува во Гостивар, младинките го пречекуваат Жито Прилеп
24.10.2014 11:57
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово во недела ќе гостуваат на тимот на Гостивар, и ќе се обидат да забележат нова победа.

Минатото коло тие беа доминантни против тимот на Ѓорче, победувајки со 5-33.
Во сабота во 15:30 младинската екипа ќе ја пречека екипата на Жито Прилеп. Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала во Куманово. Во предходниот натпревар, тимот беше поразен од Металург на гостински терен со 22-19.