Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово ја победија екипата на Овче Поле со резултат 28:24 во натпревар кој се одигра во рамките на 9.коло од женската Суперлига.
Гостинките од Свети Николе тешко ги организираа нападите наспроти Куманово кои доста брзо преоѓаа од одбрана во напад, и преку контранапади успејаа да направат предност. Овче Поле беше пред паузата за полувреме кога успеја да стигне до еден гол негатива. Во второто полувреме Овче Поле беше поконкретен и за прв пат поведе на натпреварот, а брзо по тоа имаше и предност од 17:20. До крајот на натпреварот следуваше реакција од ЖРК Куманово кои негативата од три гола ја анулираа, а подоцна направија и четири гола предност. Натпрварот заврши со резултат 28:24.
Моника Паневска и Пеовска Викторија постигнаа по 7 гола во победата за Куманово. За Овче Поле Драгана Стојанова постигна 11 гола.
Вардар и Металург имаат 21 поен и се на чело на табелата. Веднаш зад нив е Куманово со 15 бода, на четвртата позиција е Прилеп со 9 бода.
Следното коло Куманово гостува на Вардар Ј.