Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските ракометарки, со победа ги започнаа натпреварите во домашна лига, откако ја совладаа екипата на ЖРК Деспина од Прилеп.
ЖРК Куманово на гостински терен ја совлада ЖРК Деспина, со резултата 22:31.
Во текот на првото полувреме нашите ракометарки, кои имаат контрола врз играта, успеаја да бидат во водрство со осум гола разлика, т.е со резултат 10:18.
Најефикасни на натпреварот беа: Ана Шарановиќ со 7 гола и Мила Трајковиќ со 6 гола.
Следниот меч ЖРК Куманово ќе го одигра во сабота, на домашен терен, против екипата на ЖРК Стружанка.