Кошаркарките на Куманово не го одиграа првиот натпревар во новата сезона, клубот останал без пари Женскиот кошаркарски клуб „Куманово- Гризли“ не се појавија на првиот закажан натпревар против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, поради што изгуби со службен резултат од 20:0 за скопјанки.
Две златни и една бронзена медала за пингпонгарите на Куманово Јаков Јакимовски и Јаков Кузмановски, членови на Пингпонгарскиот клуб Куманово, две златни и една бронзена медала на Турнир во пинг-понг за млади надежи "Куманово 2024", кој се одржа по повод празник 11 Октомври, во Куманово.
Повеќе спортски настани по повод 11 Октомври Со повеќе спортски настани ќе се одбележи 11 Октомври - Денот на македонското народно востание. Програмата е во организација на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, а ќе се одржат ракометни, пингпонгарски и одбојкарски турнири, велосипедска трка, аикидо семинар, натпревари во стрелаштво и спортски риболов, но и планинарска тура.
Оф роад трки „Куманово 2024“ за „11 Октомври“ Оф роад Куманово (Offroad Kumanovo) и Офроад Гараж ( Offroad Garage) организираат оф роад трки, по повод Денот на народното востание во Македонија - „11 Октомври“.
Алексеј Стојановски победи на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори Алексеј Стојановски од Куманово, член на на Тенискиот клуб "Тумба" е победник во машка конкуренција на Отвореното првенство на Македонија во тенис за јуниори до 14 години, кој викендов се одржа во Куманово.
Трета победа за ракометарките, МКК Куманово со пораз го почна првенството Ракометарките повторно постигнаа победа викендов и одличен резултат, додека на нивните колеги ниту поддршката на публиката во Куманово не им помогна да го избегнат петиот пораз од почетокот на шампионатот.
МКК Куманово ја почнува новата кошаркарска сезона засиленo со Луковиќ, Радукиќ, Тадиќ и Волер Куманово по една сезона пауза се враќа со претставник во најсилното кошаркарско натпреварување. Дебитантот МКК Куманово утре му гостува на ТФТ во салата Кале со почеток во 13 часот со што започнува Првата кошаркарска лига. Мечот ќе биде пренесуван на МРТ3.
Подмладокот на португалскиот гигант Порто викендов на турнир во Куманово Од утре до сабота во Куманово ќе се одржи вториот дел од турнирот Еуроспорт Куп на кој ќе учествуваат фудбалери родени во 2013, 2015 и 2017 година.
Кумановецот Кристијан Андреевски нов претседател на Националната боксерска федерација Кристијан Андреевски, претседател на боксерскиот клуб „Куманово 84“, е избран за нов претседател на Националната боксерска федерација.
Нападнати судии по фудбалски натпревар во Куманово Двајца судии биле нападнати по завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на Башкими и Беласица.
Нов успех на кумановските атлетичари - пехари на Државниот куп за младинци до 16 години Атлетичарите на Куманово на Државниот куп за натпреварувачи до 16 години освоија второ место во машка и трето во женска конкуренција, со што Атлетскиот клуб Куманово стана единствената екипа во Македонија која на куповите се пласирала меѓу најдобрите 3 екипи во сите категории. Kупот за пионери (U16) се одржа во сабота на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Натпреварувања во детска атлетика ќе се организираат во основните училишта во Куманово Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС) во Куманово организира Лига во детска атлетика во која ќе учествуваат ученици од 14 основните училишта од Куманово и Старо Нагоричане.
Атлетскиот клуб Куманово е севкупен победник на Купот на Македонија за млади Атлетскиот клуб Куманово е севкупен победник на Купот на Македонија за младинци и младинки, со освојување на пехарите за најдобра женска и машка екипа на првенството.
Со победи ја почнаа сезоната кумановските ракометарки и фубалери, ракометарите потфрлија Заслужена победа остварија ракометарките од Куманово на отворањето на сезоната, откако во првото коло беа слободни. Ја совладаа екипата на „Пелистер“ од Битола, додека нивните колеги од машкиот клуб изгубија во последната минута од натпреварот против „Прилеп“ со гол разлика.
Златна и бронзена медала за основците Милевска и Младеновски на Државно првенство во пливање Каја Милевска од ОУ „Кочо Рацин“ освои 1 место на 50 м. слободен стил, а Жељко Младеновски од ОУ „Браќа Миладиновци“ трето место на 50 м. градно, на Државниот натпревар во пливање за основни и средни училишта, кој вчера се одржа во Скопје.
ГФК “Куманово“ на гости против “Аеродром 2018“ Градскиот фудбалски клуб (ГФК) Куманов во недела во 15.30 часот ќе го игра првиот првенствен натпревар од сезоната 2024/2025 на гости кај екипата на ФК „Аеродром 2018“, на стадионот на ФК „Локомотива“ од Скопје.