Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово во текот на 2013 година има регистрирано 10 сексуални злоупотреби на деца.
На ниво на држава се зголемил бројот на злоупотреби на деца за повеќе од половина за разлика од 2012 година. Сексуалните злоупотреби врз деца се вршат претежно во урбани средини, а поретко во рурални средини покажува полициската статистика.
65% од делата се извршени во затворени објекти најчесто куќи на сторителите или родители на жртвите, викендички, напуштени објекти, помошни простории, воспитни установи, додека останатите 35% од делата се извршени на отворен простор. Гледано по подрачја, сексуалните злоупотреби над деца се најчести за подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола.