Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово доби над 100.000 евра од Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и рурален развој, за уредување на Бислимската клисура и за изработка на урбанистички план во селото Романовце.
Проектот за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја за означување на културните и природни знаменитости во руралните средини за Бислимската клусура, предвидени се 1.148.000,00 денари, додека за урбанистичкиот план за селото Романовце 4.996.171,00 денари.
Со проектот Бислимска клисура се предвидува поставување на информативни табли со најнеопходните информации за клисурата и Големата пештера, изградба на пешачки патеки, клупи и летниковци. Се планира и изградба на жичен висечки мост кој ќе ги поврзува двете страни на реката.
Бислимската клисура се наоѓа на 5 км оддалеченост од Куманово, по течението на реката Пчиња и располага со неколку пештери, ендемски видови на растенија, животни и недопрена природа. Општината Куманово со нејзиното уредување сака да направи туристичка дестинација. Реализацијата на проектот ќе започне на пролет.