×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „11 Октомври“ почнува соработка со училиште од Благоевград

    22.12.2015 13:19 | KumanovoNews

    Во основното училиште „11 Октомври“ денеска беше потпишан меморандум за соработка со училиштето „Свети Пајсиј Хилендарски“ од Благоевград, Бугарија.

    „11 Октомври“ почнува соработка со училиште од Благоевград

    Во наредниот период двете училишта ќе реализираат размени, ќе соработуваат учениците и професорите, ќе аплицираат на проекти, ќе има културна соработка и ред други активности.

    Директорката и дел од професорите се денеска кај нас. Ги запознавме гостите со училиштето, со проектите кои се одвиваат кај нас. Ова е првиот чекор и се надеваме на плодна и успешна соработка во иднина, што ќе значи возвратна посета и продолжување на соработката во форма на семинари, заеднички дебати, работилници и сè  што ќе произлезе како потреба - вели Елизабета Костадиновска Костиќ, директорка на “11 Октомври“.

    Од бугарското училиште рекоа дека првата средба ќе вроди со резултати и  дека и двете училишта имаат општи интереси.

    Имаме општи проблеми, за кои се надеваме да си помагаме, да ги разрешуваме. Сметам дека проектот ќе биде корисен и за двете страни. Ќе биде насочен не само кон образованието, туку и на други култури, на размена меѓу професорите. Следниот пат ние ќе бидеме домаќини. Им благодарам на нашите општинари, кои ни дадоа насока да се вклучиме во проект. Се надевам дека следен пат кога ќе дојдете училиштето ќе биде поубаво, а истото го очекувам и за нашето училиште - изјави Магдалена Ковачева, директорка на “Свети Пајсиј Хилендарски“.

    Ова бугарско училиште е за деца со посебни потреби и брои 80 ученици.