×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 12 часа се пука во Тоде Мендол

    09.05.2015 14:14 | KumanovoNews

    Рафални истрели од огнено оружје и детонации, повторно се слушаат од кумановската населба Тоде Мендол, по пладневното затишје.  Од далеку може да се види дека неколку куќи горат, а тернот го надлетуваат хелихоптери.

    12 часа се пука во Тоде Мендол

    Полициски транспортери постојано се по улиците на градот и се упатуваат кон кризното подрачје. Според извори од терен, полицијата врши претрес на куќите, се со цел да се откријат членови на вооружената група. Повредени се уште три полицајци, кои се пренесени во кумановската болница. Тоа го потврди и портпаролот на МВР Иво Котевски.

    Куманово од утринава е под полициска опсада. Се повеќе се зборува за повредени и загинати полицајци и цивили. Жителите се во паника и чекаат надлежните да дадат поконкретни информации за вооружениот конфликт, кој трае 12 часа.  И додека на периферијата се водат жестоки борби, улиците во градот се речиси празни, а сите дуќани затворени.