×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 13 години затвор за напад на мигранти-семејството протестира

    15.08.2014 11:26 | KumanovoNews

    Бирсан Сејфула (21) од населба Средорек е осуден на 13 години затвор, затоа што во март годинава извршил разбојништво врз мигранти во близина на спортскиот аеродром Аџитепе.

    13 години затвор за напад на мигранти-семејството протестира

    Пресудата му е изречена во Основниот суд Куманово, а до правосилноста на пресудата Сејфула останува во затворот Шутка.

    Неговите роднини утрово се собраа пред Основен суд Куманово за да го изразат својот револт. Татко му Исмет Шаиновски вели дека Сејфула е невин и дека во моментот кога се случило разбојништвото бил на Кејот на реката Кумановка. Тој додава дека син му боледува од епилепсија и здравствената  состојба во затвор може дополнително да му се искомплицира.

       Велат дека син ми во него имал пари. Не е точно, немаше пари ни за цигари. Од дома го земале алфите. Мислев дека ќе биде поблага пресудата, а ова е како да убил човек. Состојбата му е лоша во затворот. Никој не праша за ромските деца. Ќе се жалиме до Апелациониот суд, ќе одиме и понатаму, бидејќи не сме задоволни од пресудата. Имаме поддршка и од Хелсиншки комитет за човекови права. Дојден сум да ја алармирам јавноста, јас мислев дека ова ќе се заврши на друг начин - изјави Шаиновски.

    Разбојништвото го извршиле четири лица кои ограбиле троица Авганистанци. И помалиот син на Шаиновски се товари за разбојништво, но бидејќи е малолетник тој е дома со засилен надзор од родител.

    Шаиновски вели дека дополнително ќе организираат протест против судската пресуда.