×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 14 месеци затвор за бившиот градоначалник што прегази пешак

    26.03.2014 15:46 | KumanovoNews

     На 14 месеци затвор е осуден поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ, затоа што пред две години со службениот автомобил го прегазил пешакот Срѓан Лазаревски (31) од селото Орашац.

    14 месеци затвор за бившиот градоначалник што прегази пешак

    Јовановиќ ќе одговара за две кривични дела. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот доби казна затвор од една година, а за не укажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода казна од три месеци . Основниот Суд му изрече единствена казна затвор од 14 месеци.

    Сообраќајната несреќа во која учествуваше градоначалникот Јовановиќ се случи во април 2012 година околу 3 часот по полноќ. Тој со службениот автомобил шкода октавиа, враќајќи се дома, удрил во пешакот, по што си заминал од местото на несреќата. По два часа повредениот го пронашол случаен минувач и повикал Брза помош. Од задобиените повреди, по десет дена Лазаревски починал во болница во Скопје.

    Во текот на судењето Јовановиќ негираше дека учествувал во сообраќајката. Тој пред судот тврдеше дека критичната ноќ заминал многу порано со автомобилот и при тоа не удрил во ништо.