×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 15 новозаболени и двајца починати од коронавирус во Куманово

    03.07.2020 14:56 | KumanovoNews

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 15 нови случаи од ковид-19, а две лица починале.

    15 новозаболени и двајца починати од коронавирус во Куманово

    Според директорот Ариф Љатифи, сите новозаболени се од Куманово.

    „Најмладите пациенти се на 26 и 28 години, а другите се на 40, 50 и 60 годишна возраст. Денеска нема заразени деца, што не беше случај во предходните денови. Повеќето од пациентите имале контакт со лица од познатите кластери, а има и нови. Денеска, за жал, имаме и двајца починати од Куманово. Маж и жена на седумдесетгодишна возраст, кои се лекуваа во Кумановската болница“, - изјави Љатифи.  

     Во последните 24 часа на нивои на државата откриени се 165 нови случаи на ковид-19, од вкупно направени 1454 тестирања.

    Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.