15 одобренија за градба издадени во Североисточен регион
07.03.2014 12:35
| KumanovoNews
Во јануари годинава во Североисточниот регион се издадени вкупно 15 одобренија за градба од кои 14 се за физички лица, а 1 за деловен субјект.
Според податоци од Државниот завод за статистика во Куманово дозвола за градба добиле 8 физички лица, во Општина Старо Нагоричане 6 физички лица и во Општина Ранковце 1 деловен субјект.
За истиот период дозволи за градба не се издадени во Кратово , Крива Паланка и Липково.
Најголем број одобренија на ниво на држава се издадени во Скопски, Полошки и Источен регион.