Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пред 17 години започна со работа Кумановоњуз - првиот интернет портал во Североисточниот регион.
Жилави и истрајни, гордо го одбележуваме 17-от роденден!
Годината што е зад нас ја паметиме по новите професионални предизвици, квалитетни текстови, автентични репортажи, спортски и лични успеси, различни ставови и мислења, и многу приказни што ја раскажаа реалноста на нашата заедница.
Горди сме што остануваме на страната на вистината и граѓаните. Вашата поддршка ни дава сила да продолжиме понатаму, уште посилни и уште подобри.
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!
Ви посакуваме здравје, среќа и многу радости на сите полиња!
Со почит,
Вашиот Кумановоњуз