×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 17- годишна девојка од Куманово загина во сообраќајка во Миладиновци

    14.01.2020 09:25 | KumanovoNews

     17 - годишна девојка од Куманово, по полноќ го загубила животот во сообраќајна несреќа во скопското село  Миладиновци.

    17- годишна девојка од Куманово загина во сообраќајка во Миладиновци

    Според МВР, несреќата се случила во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, кога патничко возило „цитроен Ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

    На местото на незгодата починала 17 - годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

    Луѓето кои живеат во околните куќи велат дека ги разбудил силен удар, по што излегле да помогнат додека дошла полицијата и брзата помош.

    Тие тврдат дека на ова место често се случуваат сообраќајни несреќи со фатални последици.