Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 180 социјалци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане добиле работно место во Македонски шуми на јавното извлекување кое се случи викендов, дознаваме неофицијално.
Ќе се вработат луѓе од социјално загрозени групи, кои живејат во селата Пелинце, Драгоманце, Гошинце, Буковљане, липковските села и други населени места. На ниво на Македонија од 20.000 пријавени кандидати се избрани 1.600. Тие првично ќе работат во Македонски шуми, а откако ќе поминат одредена обука ќе бидат распоредени во други државни институции.
Предност имаа самохрани родители, загрозени граѓани од семејства во кои никој не работи, социјалци, членови на многудетни семејства и слично.