20 одобренија за градба издадени во декември
12.02.2016 09:28
| KumanovoNews
Во Куманово лани во декември се издадени 20 одобренија за градба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив 16 одобренија се за физичко лице и 4 за деловни субјекти. Истиот месец во општина Крива Паланка се издадени 3 одобренија за градба, сите на физички лица. Во Липково е издадено 1 одобрение за деловен субјект, а во Кратово, Старо Нагоричане и Ранковце воопшто не се издадени одобренија за градба.