×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 200.000 швајцарски франци за проект за социјална инклузија во регионот

    27.01.2020 20:40 | KumanovoNews

    Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа ќе обезбедат 200.000 швајцарски франци за реализација на проект од социјална инклузија во Североисточниот регион.

    200.000 швајцарски франци за проект за социјална инклузија во регионот

    За што ќе бидат потрошени овие средства ќе одлучат граѓаните преку форумските сесии, кои ќе се одржат во наредните два месеци, преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој ќе го имплементира Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

    - Граѓаните денеска од целиот регион ќе зборуваат за проблемите во делот на социјална инклузија а потоа ќе предлагаат и решенија што може да се направи за да се подобри ситуацијата. Општините во Североисточниот плански регион имаат слични проблеми, и кога ќе ги здружат силите верувам дека можат да направат навистина добар исчекор во поглед на социјалната инклузија. Ќе се обидеме денеска да најдеме што е можно повеќе заеднички решенија на проблемите, за да може на крај некаде во март да се изберат проектите кои ќе добијат финансиска поддршка за да може да се финализираат, - изјави Гонце Јаковлеска, модератор на форумските сесии.

    Анализите коишто се правени покажале дека еден од проблемите со кои се соочуваат сите општини на ниво на државата па и во овој регион е грижата за старите лица, потоа ранливите категории - децата или возрасните кои живеат во одалечените рурални средини, како и недостаток на центри за лицата со посебни потреби.

    - Во регионот има само еден дом за грижа на стари лица, а жителите велат дека капацитетот е мал за потребите на регионот. Тоа може да биде една од опциите, во секој случај идејата на двете институции е најголем дел од средствата да бидат наменети за инфраструктурни решенија, 80 проценти се за тоа а околу 20 проценти може да бидат за меките мерки, да се создаде кадар, да се обучат тие луѓе за да можат да ги опслужуваат старите луѓе или лица/ деца со попреченост, - додава Јаковлевска.

    Финасиите кои што стојат на располагање за овој регион се околу 200.000 швајцарски франци што не е мала сума за решавање на одредени проблеми што го тиштат регионот.

    - На форумските сесии ќе бидат изберени пет проекти од кои три ќе се пратат на комисијата при Швајцарската амбасада и од нив ќе изберат еден највреден кој ќе го финансираат оваа година. Многу е важно што проектите треба да имаат регионална основа да бидат во интерес на повеќе од три општини во североисточниот плански регион, да бидат целина која ќе е во инитерес на сите граѓани, - изјави Владимир Павловски, од Центарот за развој на Североисточниот плански регион.

    За проектот во Североисточниот регион оваа година се одвоени најмногу средства, бидејќи е најнеразвиен од останатите 7 региони.

    На денешната прва форумска сесија присуствуваа претставници од невладините организации, училиштата и општините од регионот.