×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 21.542 компании аплицирале за државна помош за исплата на плати

    08.05.2020 12:11 | KumanovoNews

    За помош од државата за исплата на минимална плата за месеците април и мај аплицирале 21.542 компании, кажа на денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

     

    21.542 компании аплицирале за државна помош за исплата на плати

    „Согласно донесената уредба за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, во УЈП заклучно со крајниот рок, 7 мај, преку системот е-даноци поднесени се вкупно 23.861 барање за финансиска поддршка, а се однесуваат за 21.542 компании. Истите барања ќе се обработат и потврдат во рок од три дена и ќе се достават до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ од каде ќе се врши исплатата на средствата за месец април 2020 година“, изјави Лукаревска.

    Од вкупниот број на поднесени барања од угостителскиот сектор поднесени се 2.377 барања, од туристичките агенции и туроператори 253, од секторот транспорт 2.177, објекти за сместување 258 барања и 16.625 барања од останатите дејности.

    За финансиска поддршка за исплата на плати конкурираа и физички лица кои вршат самостојна дејност и според податоците на УЈП, за остварување на ова право поднесени се 5.840 барања.