×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 25 жени и двајца мажи тепани од сопружниците

    25.11.2013 16:19 | KumanovoNews

     25 кумановки и двајца кумановци од почетокот на годината побарале помош во невладините организации, поради насилство од сопружниците.

    25 жени и двајца мажи тепани од сопружниците

    Од “Флоренс Најтингел“ и “СОС Куманово“ велат дека се работи претежно за млади жени и мажи кои се малтретирани најчесто од партнери алкохоличари. Помош побарале и 3 жени од рурални среднини, но и мажите повеќе не можеле да го преќутат малтретирањето од партнерките.

    Најголема причина за насилство во бракот е алкохолизмот или во некои случаи наркоманијата. Жените сега се порешителни од некогаш и сакаат врската со насилникот да ја прекинат што побрзо. Се работи главно за невработени жени кои економски се зависни, но несакаат да трпат насилство. - вели Соња Арсовска, застапник на СОС Куманово.

    Само една жена жртва на насилство била сместена во кризен центар во Скопје, бидејќи во Куманово како најголема општина во државата нема центар за советување.

    Арсовска објаснува дека надлежните институции, пред се Полицијата и Судот, главно се ажурни и преземаат мерки за казнување на насилниците.

    Од 25 ноември до 10 декември невладините организации ќе организираат работилници за жени жртви на насиство со информативен и рекреативен карактер, за да ги анимираат слободното време да го исполнат со активности кои ќе им помогнат за социјализација и рехабилитација.

     25 Ноември се обележува како „ Ден за борба против насилство врз жените“ од 1981 година.