Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Скоро 300 пензионери од Куманово бесплатно ќе одмараат во Катлановска бања.
Првите групи пензионери на бања ќе заминат на 17 март, а последните ќе одат при крајот на месец мај. Мал дел од пензионерите ќе го искористат и правото на придружник. Бањското лекување од 6 полни пансиони за пензионерите со помали пензии е на терет на државата.
Според инфорамциите од ПИОМ од Куманово аплицирале 1300 пензионери за бесплатно рекреативно-бањско лекување.
Имињата на пензионерите што добиле бесплатна бања објавени се на интернет страницата на Министерството за труд и социјална политика.