×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 3000 евра казна за палење стрништа

    08.08.2011 10:20 | KumanovoNews

    Најавениот топлотен бран и засилениот ветер, деновиве ќе ја зголемат опасноста од појава на пожари на отворено.



    3000 евра казна за палење стрништа

    Координативното тело за заштита од пожар потсетува дека е воведена делумна забрана за двиѓење во шумите, а земјоделците дека е забрането палење на стрништата.

    Се апелира до граѓаните внимателно да се движат во шумите и секоја евентуална појава да ја пријават на бесплатниот телефонски број 195 на ЦУК и во противпожарните станици, во единиците на локалната самоуправа, полицијата и во Дирекцијата за заштита и спасување.

    Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна на корисникот на шумите, се движи од 2.000 до 3.000 евра, додека за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра, предупредува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.