350 слободни места на факултетите во Куманово
12.05.2014 08:36
| KumanovoNews
350 слободни места за упис на студенти има на дисперзираните факултети во Куманово за студиската 2014/2015 година.

На дисперзираните студии од Тетовскиот универзитет за англиски јазик и литература има 60 места за упис на редовни студенти, а партиципацијата е 100 евра. За бизнис и администрација има вкупно 290 места, од кои 150 се за редовни студенти во државна квота кои ќе плаќаат 100/ 200 евра и 140 редовни студенти со кофинансирање кои ќе плаќаат 100/400 евра.
Студиите по градежништво од “Св. Кирил и Методиј“ се ставени во мирување.