Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово минатата година се склучени 665 бракови, во Липково 259, а во Старо Нагоричане 20 брака.
Според податоците на Државниот завод за статистика, лани, 611 кумановки за првпат застанале пред матичар, 53 по вторпат го кажале судбоносното да, а само една се омажила по третпат.
Во истиот период 610 мажи од Куманово првпат застанале на лудиот камен, 54 мажи склучиле втор брак и 1 маж по трепат се одлучил да формира брачна заедница.
Во Старо Нагоричане 18 невести се омажиле за првпат, а 2 побарале втора среќа. На сите 20 младоженци на село им е прв брак.
Во Липково 243 невести за првпат влегле во брачна заедница, а 16 се омажиле по вторпат. Кај мажите има 237 кои се во прв брак, 21 во втор и 1 во трет брак.