70 години од основање на “Трета МУБ“ во Жегљане
24.02.2014 15:02
| KumanovoNews
Во село Жегљане задутре во 11 часот ќе бидат одбележани 70 години од формирање на бригадата “Трета МУБ“.

На настанот ќе говори Драган Гачевиќ, член на општинска организација на Сојуз на борци Куманово. На одбележувањето на овој јубилеј ќе присуствуваат претставници од Општина Куманово, поканети се претставници од Општина Старо Нагоричане, пратеници, граѓани и други.
Бесплатниот автобуски превоз од пред комитет ќе тргне во 10 часот.