×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 76 години од битката на Дренак

    09.12.2019 18:43 | KumanovoNews

    Здружението на армиски и полициски ветерани, утре (вторник) ќе ја одбележи 76 годишнината од битката на Дренак.

    76 години од битката на Дренак

    „Наши претставници утре со две армиски возила ќе заминат во село Дренак и на спомен обележјето ќе положиме цвеќе. Истовремемо ќе бидат евоцирани спомени раскажувани од борците од битката. Ова е уште еден од настаните кои ги негуваме и се дел од нашите програмски активности“, - изјави Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани во Куманово.  

    Битката на Дренак е водена на 10 и 11 декември 1943 година во селото Дренак, од баталјонот на „Јордан Николов Орце“ предводен од Христијан Тодоровски Карпош против Вардарскиот четники корпус. Во битката партизаните извојувале победа, а но останале без своите соборци Тоде Георгиевски-Мендол, Миливој Бошковски-Кипра, Доско Величковски – Молер, Павле Илиевски, Дојчин Дичковиќ и Владо Тасевски.