Мени

Бесплатни дерматолошки прегледи во Куманово

11.09.2026 13:14 | KumanovoNews

На градскиот плоштад во Куманово утре од 09:00 до 11:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да извршат бесплатен преглед на кожата. 

 

Бесплатни дерматолошки прегледи во Куманово

Активноста ја организира Здружението на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки при Здравствен дом – Куманово.

„Граѓаните ќе имаат можност да добијат бесплатен дерматолошки преглед, со цел навремено откривање на промени на кожата и подигнување на свеста за значењето на редовните здравствени прегледи. Грижете се за своето здравје и искористете ја можноста за бесплатен преглед, бидејќи навременото откривање и превенцијата се од особено значење за зачувување на здравјето“, велат од организаторите.

Проектот „Заштити ја својата кожа – прегледај се навреме! Раното откривање спасува живот!“ се реализира со финансиска поддршка од Општина Куманово, заради спроведување на превентивно – промотивни активности за унапредување на здравствената заштита.