×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 78 кандидати за пратеници од кумановското СДСМ

    18.03.2014 15:43 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ, викендов ја испрати листата со кандидати за пратенцици до централата во Скопје.

    78 кандидати за пратеници од кумановското СДСМ

    На листата се нашле 78 членови на партијата од Куманово, кои биле предложени во месните организации. Најголем број на кандидатури добиле генарелниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, претседателот на општинската организација Мартин Костовски, претседателот на Советот Максим Димитриевски, секретарот Томица Илиќ, Виктор Петрушевски член на ЦО, Атина Мургашанска претседателка на жените, советничката Снежана Захариева, претседателот на малдите Владица Трајковски и други.   

    Општинската организација Куманово, како и во изминатите предизборни циклуси така и сега понуди квалитетни членови и кадри, кои достојно ќе го претставуваат градот во Собранието. Се работи за луѓе од различни професии, кои имаат резултати во своите професии. При тоа водена е сметка и за старосната, половата и територијална застапеност- изјави претседателот Мартин Костовски.

    Листата со кандидати ќе биде разгледана во централата на СДСМ, а одлуката ќе ја донесе конгресот на партијата. Неофицијално Куманово ќе добие двe добитни места на листата во втората изборна единица.

                                                                (фото архива)