8 одобренија за градба издадени во септември во Куманово
08.11.2013 08:09
| KumanovoNews
Во септември во Куманово се издадени 8 одобренија за градба на физички лица.
Објектите кои ќе се градат во Куманово се со проценета вкупна вредност од 120.962 илјади денари, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Во Крива Паланка се издадени 2 одобренија за градба и тоа на деловни субјекти, а објектите ќе чинат 2.890 илјади денари.
Во општините Кратово, Липково и Старо Нагоричане во септември воопшто нема издадени одобренија за градба.