Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 80 кумановски семејства досега им се поделени обувки и облeка запленети од Царинската управа на Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика најавија дека во наредниот период ќе се интензивираат вакви акции во целата држава. Поделени ќе бидат 76.000 парчиња на разновидна стока, од кои 4.000 парчиња текстил, 5.000 парчиња обувки и над 60.000 разновидна друга стока односно прибор и опрема за домаќинство. Преку Центрите за социјална работа запленетата роба ќе биде дистрибуирана до граѓаните во социјален ризик.